Барселона доживеа убедлив пораз од Бенфика во второто коло од Лигата на шампиони (3:0) и тоа го вклучи алармот на „Камп Ноу“.
Куман после лошите резултати на стартот на сезоната сериозно ја загрози својата позиција и Барселона размислува да му врачи отказ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Каталонските медиуми пишуваат дека Куман го загуби компасот и мора што побрзо да си замине од клупата. Но, проблемот е што претседателот Жоан Лапорта не може да најде квалитетно решение.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека фаворит за нов тренер на Барселона во моментов е Андреа Пирло.
Како опција за нов тренер се споменуваше и Роберто Мартинез, но Лапорта ќе одржи почетни преговори со Пирло затоа што е прашање на време кога Куман ќе замине од кормилото.