Дома Фудбал Куман доби добри вести пред „Ел Класико“, познат составот на Барселона?

Куман доби добри вести пред „Ел Класико“, познат составот на Барселона?

Жорди Алба одработи тренинг со екипата и ќе биде спремен за утрешниот натпревар со Реал Мадрид.

Во петокот се стравуваше дека Алба нема да биде спремен, но фудбалерот одлучи да прими инекции и по секоја цена да заигра против најголемиот ривал, а потоа да одмори неаредната недела.

Алба и понатаму е незаменлив на позицијата лев бек, иако оваа сезона неретко таму играше и Сержињо Дест, сепак Куман повеќе сака него да го користи како десно крило. Каталонските медиуми истакнуваат дека со враќањето на Алба повеќе нема дилеми и составот на Барса ќе изгледа вака:

Тер Штеген – Мингеза, Пике, Гарсија, Алба – Бускетс, Де Јонг, Гави – Дест, Фати, Депај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трент не планира камбек на „Енфилд“: Ќе се бори за место во Реал

Александер-Арнолд е во втор план кај Мурињо, но засега не размислува за враќање во Ливерпу…