Фудбалерите на Барселона во саботата на гостувањето кај екипата на Севиља славеа победа со 2:0.
Каталонскиот клуб стигна до важна победа и ја превзема втората позиција на табелата од Реал Мадрид. Но, Куман на овој натпревар имаше проблеми со повредите бидејќи од игра мораше да ги изведе Педри и Пике.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На теренот во 67. минута влезе Роналд Араухо, но само 15 минути подоцна тој излезе од игра. Уругваецот само што се опорави од повредата и доби шанса, а во еден момент се пожали на повреда.
Сепак, Куман истакна дека се е во ред и дека Араухо ќе може да игра, но сеедно тој беше заменет. Араухо беше бесен поради тоа и револтот го покажа при излегувањето од теренот.