Реал Мадрид ја освои титулата во Лигата на шампионите, а на прослава во центарот на вниманието беше и Тони Крос бидејќи Германецот го одигра последниот натпревар во дресот на „кралевите“.
Крос објави дека по Европското првенство во Германија летово ќе ја заврши кариерата. а на вчерашната прослава потврди и кој ќе го носи неговиот број во Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите го најавуваат Уругваецот Феде Валверде како негов идеален наследник и Крос пред фановите потврди дека токму Валверде ќе биде фудбалерот што ќе ја носи неговата „8-ца“ следната сезона.
♾️ + 🦅 = 8️⃣#CHAMP15NS pic.twitter.com/gj99quxzPW
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 2, 2024