Дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен готово сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
Неговиот договор истекува на лето и во неколку наврати ја одби понудата на Челзи, па ќе замине како слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раководството на „сините“ верува дека Кристенсен веќе се договорил со Барселона. Соиграчите исто така вече знаат дека 25-годишниот Данец кариерата ќе ја продолжи на „Камп Ноу“.
Од почит кон Челзи, Кристенсен ги одбил понудите од други англиски клубови. Тој има понуда и од Баерн Минхен, но одлучил да ја продолжи кариерата во Барселона.