Дома Фудбал Лига на шампиони Крвав напад на хулиганите: Во Билбао повредена малолетна девојка (ВИДЕО)

Крвав напад на хулиганите: Во Билбао повредена малолетна девојка (ВИДЕО)

Вечерва во шпанскиот град Билбао забележани се навивачки нереди пред и за време на мечот помеѓу Атлетик Билбао и Марсеј.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Прво двајца се примени во болница по судир со хулиганите на францускиот клуб.

„Во болница е примен 57-годишен маж со рана на вратот, па уште еден млад човек со рана на раката. Двете рани се нанесени со нож, но за среќа ниту еден не е во животна опасност“, објавија од болницата.

Но, Французите тука не застанаа. Имено, за време на мечот од горната трибина почнаа да фрлаат бакли надолу, а во таа авантура повредија малолетна девојка.

Потоа безбедносните сили и полицијата тргнаа кон трибината каде се наоѓаа гостинските навивачи за да ги истера од стадионот, а потоа се случи нов судир.

Марсеј пласман во четвртфинале во Лига Европа избори со победата против Атлетик Билбао, со вкупно 5:2 од двата меча. Во вечерашниот меч францускиот прволигаш славеше со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…