Дома Останати Крај на спектакуларната кариера: Федерер објави дека се пензионира!

Крај на спектакуларната кариера: Федерер објави дека се пензионира!

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, потврди дека се повлекува од тенисот!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Освојувачот на 20 Грен слем титули потврди дека Лејвер купот ќе биде последниот турнир на кој ќе игра професионално и дека после тоа заминува во пензија.

„Како што повеќето од вас знаат, изминатите три години ме соочија со бројни предизвици во форма на повреди и операции. Работев многу напорно за да се вратам во натпреварувачка форма. Но, јас цело време знаев дека моето тело има ограничувања и пораката што ми ја испраќа во последно време е многу јасна. Имам 41 година. Одиграв повеќе од 1.500 натпревари во кариерата во овие 24 години. Тенисот се однесуваше со мене повеќе од добро, подобро отколку што можев да сонувам, и морам да разберам и да препознаам кога е време да ја завршам мојата натпреварувачка кариера“, гласи објавата на Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…