Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Крај на драмата: Аргентина е во 1/8 финалето херојот е – Маркус Рохо! (видео)

Крај на драмата: Аргентина е во 1/8 финалето херојот е – Маркус Рохо! (видео)

Аргентина се наоѓаше пред елиминација против Нигерија, но на крајот „Гаучосите“ успеаа да се извлечат!

На Аргентина вечерва и беше потребна само победа и ништо друго, а на крајот успеаа и да стигнат до истата со резултат 2:1.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Натпреварот добро започна за Аргентинците воопшто не изгледаа на репрезентацијата која беше декласирана од Хрватска. Одличната игра се исплатеше во 14 минута кога Лионел Меси успеа да ја погоди мрежата на Нигеријците.

И после погодокот Аргентина продолжи да напаѓа и да создава шанси. Меси се закани и тоа од слободен удар кога ја погоди стативата.

По првите 45 минути резултатот гласеше 0:1.

На стартот на првиот дел следуваше вистински шок за фаворитот, откако Маскерано не беше внимателен во својот шеснаесетник Чакир покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Виктор Мозес.

Аргентина стравуваше се до 86 кога од толку многу напаѓачки ѕвезди мрежата на Нигерија ја погоди – Маркус Рохо за вистински делириум и прослава.

До крајот Нигерија не успеа да се закани, па Аргентина обезбеди 1/8 финале каде што ќе игра против Франција

Во вториот натпревар вечерва Исланд беше поразен од Хрватска со 1:2.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…