Триесет и петгодишниот француски напаѓач Карим Бензема потпиша договор со Ал Итихад од Саудиска Арабија.
Веќе е познато дека Бензема кариерата ќе ја продолжи во редовите на Ал Итихад кој за три сезони му плаќа дури 600 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со напомена дека дел од неговиот договор ќе плати државата бидејќи Бензема ќе ја преземе улогата на фудбалски амбасадор и ќе биде еден од активните лобисти во обидот Саудиска Арабија да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година!
Бензема неочекувано го напушти Мадрид откако освои рекордни 25 трофеи за 14 години.
„Мојот сон беше да потпишам за Реал Мадрид и да останам овде, но дојде уште една можност. Одлуката ја донесов во договор со моето семејство“, изјави Бензема и додаде:
„Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот, но мислам дека сега е време да си заминам и да започнеме нова приказна“, рече тој, следејќи ги стапките на својот поранешен партнер во нападот Кристијано Роналдо, кој половина година е во Саудиска Арабија каде што игра за Ал Наср.
Со Роналдо, Ал Наср заврши на второто место на табелата зад Ал Итихад, за кој потпиша Бензема.
Поранешниот напаѓач на Лион вечерва пристигна во Џеда и веќе беше окупиран од многу навивачи, а дури утре ќе има големо претставување пред 65.000 фанови во King Abdullah Sports City.
Секако, голем дел од навивачите не веруваа дека ваква ѕвезда ќе премине во редовите на нивниот клуб, но сега ќе имаат можност да уживаат во магијата на актуелниот освојувач на Златната топка, кој е препознатлив како врвен голгетер.
🇸🇦🛬 Karim Benzema arrives in Saudi Arabia for the first time since signing for Al Ittihad! Tomorrow he will be greeted by 60,000 supporters in the stadium. pic.twitter.com/WGjBTZV1rw
— EuroFoot (@eurofootcom) June 7, 2023