Дома Фудбал Германија Кој е Един Терзиќ? Човекот кој ќе ја води Борусија Дортмунд

Кој е Един Терзиќ? Човекот кој ќе ја води Борусија Дортмунд

Eдин Терзиќ вчера беше назначен за нов стратег на Борусија Дортмунд откако Лусијан Фавр доби отказ.

Овој 38 годишник е роден во Германија и има потекло од Босна. Своевремно бепе и активен фудбалер, играше во пониските лиги во Германија и не остварил некој поголем успех. Поради таквата кариера како играч се решил да започне тренерска и тој избор му се покажал како полн погодок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Терзиќ во Борусија стигна пред десет години. Прво започна со скаутирање, а потоа беше именуван за помошен тренер на екипата до 19 години. Наредната година напредуваше, за во 2013 година да стане прв тренер на тимот до 16 години.

Но, само две недели подоцна даде оставка. Работеше со Славен Билиќ во Бешикташ, а потоа овој тандем доби прилика на клупата на Вест Хем во Премиер лигата. Отказ доби во ноември 2017 година после поразот од Ливерпул.

Во Борусија Дортмунд се врати пред две ипол години. Станува збор за човек кој одлично го познава клубот и ужива доверба во раководството, а првиот предизвик ќе го има утре против Вердер.

Сега на располагање Терзиќ има одличен тим со неколку талентирани фудбалери. После долги години како асистент сега конечно доби прилика тој да ги носи најважните одлуки и ќе видиме како ќе му оди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Алегри „удри“ по своите играчи по ремито против Каљари

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не беше задоволен од начинот на кој неговиот тим…