Дома Трансфер зона Короната спречила спектакуларен трансфер на Роналдо ова лето?

Короната спречила спектакуларен трансфер на Роналдо ова лето?

Кристиано Роналдо пред две години одлучи да го напушти Реал Мадрид и да потпише за Јувентус што беше изненадување за сите.

Роналдо пристигна во редовите на „Старата дама“ за на овој клуб конечно да му го донесе трофејот во Лигата на шампионите, но тоа се уште не му успеало. Пред неколку месеци се шпекулираше дека Португалецот сака повторно да ја промени средината, но набрзо таквите најави престанаа.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Меѓутоа „Франс Фудбал“ сега повторно пишуваа на оваа тема. Тие објавија дека Роналдо на полусезоната бил блиску до одлука да го напушти Јувентус ова лето и имал голема понуда од ПСЖ.

Парижаните биле спремни да го направат најплатен играч во светот и ако веруваме на нивните информации се било договорено, но на крајот се паднало во вода. Наводно се пропаднало поради пандемијата со коронавирусот, ПСЖ во новата ситуација не бил во можност да ги исполни ветувањата кои претходно му ги дал на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…