Дома Фудбал Копа Америка: Бразил демонстрираше моќ против Парагвај, Колумбија обезбеди четвртфинале

Копа Америка: Бразил демонстрираше моќ против Парагвај, Колумбија обезбеди четвртфинале

Бразил не започна добро на Копа Америка, откако ремизираше против Костарика со 0:0, но тоа го поправи веќе во вториот натпревар.

Решавачки беа последните десет минути од првото полувреме кога Бразил постигна три гола, па продолжението беше само формалност.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Во 31. минута од натпреварот беше досуден пенал за Кариоките, кој не го искористи Лукас Пакета, но Бразилците поведоа четири минути подоцна преку Винисиус Жуниор. Во 43. беше 2:0, а стрелец беше Савио, а Винисиус во петтата минута од судиското надополнување го постави конечниот резултат на првото полувреме.

Се играше 48. минута од натпреварот кога Парагвај намали преку Омар Алдерете, а во 65. минута беше досуден нов пенал за Бразилците. Лукас Пакета повторно ја зеде топката и сега ја погоди мрежата на парагвајскиот голман и со тоа го постави конечниот резултат на натпреварот.

Во вториот натпревар од оваа група Колумбија победи со 3:0 против Костарика.

Во оваа група Колумбија има шест бода на првото место, а Бразил има четири бода на второто место. Костарика досега освои еден бод, а Парагвај е единствен без бодови. Во последниот натпревар од групата ќе се сретнат Колумбија и Бразил односно Парагвај и Костарика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал: Англиски навивач снимен као се дpoгира на стадион?! 🎥

Шокантна снима од англиски навивач на трибините во вчерашниот натпревар против Словачка се…