Каталонецот откри дека неговата инвестициона група Космос нема да застане само на тенисот каде станаа сопственици на Дејвис Купот.
Џерар Пике, еден од омилените шпански играчи, но многу „неомилен“ надвор од теренот, најави дека неговата инвестициска групација Космос, нема да застане само на вложување во тенисот, туку наскоро ќе премине на фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За потсетување, Космос од Меѓународната тениска федерација ги откупи правата на оддржување на еден од најстарите спортски натпреварувања на светот, Дејвис Купот кој е реорганизиран и од следната година ќе има завршен турнир во Мадрид. Многумина тенисери, но и влубеници во белиот спорт негодуваат поради уништување на традицијата долга 118 години, а Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер веќе најавија дека нема да учествуваат.
Тежок почеток на „Проектот Дејвид Куп“ изгледа не ги демотивираше Каталонецот и неговите партнери, туку баш ги мотивираше да тргнат кон нови работно-спортски победи, и дека сега на мета е најважната споредна работа на светот.
„Моментално работам на уште два проекти, еден е купувањето на фудбалски клуб. Не можам многу да кажам, но вториот план е создавање на ново фудбалско натпреварување или користење на веќе постоечко. Ништо повеќе не можам да кажам“, мистериозно истакна Каталонецот.