Реал Мадрид и Реал Сосиедад вчера одиграа натпревар без голови, а натпреварот помина со неколку контроверзни ситуации.
Првиот контроверзен момент кој привлече и најголемо внимание се случи во 76. минута кога Начо во стил на кошаркар му „залепи банана“ на Иљараменди кој се обидуваше да изведе аут.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Контроверзно е што судијата на натпреварот не му покажа жолт картон кој ќе беше негов втор за исклучување.
„Ова е исто како да го соблечете дресот при прослава. Нема двоумење, правилата се јасни и Начо мораше да биде исклучен со вториот жолт картон.
Не е ова ситуација во која треба да направите проценка, правило си е правило. Судијата или не ги знаеше правилата или не сакаше да го иклучи, станува збор за сериозен пропуст“, порача поранешниот судија Итуралде Гонзалес.
‘Either you don’t know the rules, or you don’t want to apply them. It’s a scandal.’
— Football España (@footballespana_) January 30, 2023
Those were the words of former referee Iturralde Gonzalez after Nacho Fernandez escaped a second yellow for this.pic.twitter.com/ekysytg7Ox