Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез денеска и официјално го напушти „кралскиот“ клуб.
Начо пристигна во 2001 година и играше за младинските категории на „кралевите“, по што го облече дресот на првиот тим во 2012 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многу ми е тешко, но време е за нов предизвик. Размислував со месеци и решив дека е најдобро да заминам“, истакна Начо.
Дефанзивецот кариерата ќе ја продолжи во Ал Кадсија во Саудиска Арабија, а емотивна порака до него испрати и Роналдо/
„Ти си еден од хероите на големата историја на Реал Мадрид. Биди горд на тоа што го направи Начо“, напиша Роналдо на Инстаграм.