Новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната, а прво име на списокот е Ерик Баи од Манчестер Јунајтед.
Конте игра со тројца дефанзивци, па сака во јануари да донесе двајца дефанзивци поради ротација, а еден од нив може да биде Ерик Баи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
27-годишниот фудбалер не е прв избор кај „црвените ѓаволи“ и самиот сака да ја промени средината.
Јунајтед има голем број на дефанзивци, па е спремен да му ја отвори излезната врата, а Тотенхем ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација.