Дома Фудбал Англија Конте: Мојата идеја беше јасна, а тоа е да поминеме понатаму

Конте: Мојата идеја беше јасна, а тоа е да поминеме понатаму

Челси во реванш натпреварот против Норвич славеше после изведување на пенали, бидејќи по 120 минути игра на Стемфорд Бриџ резултатот беше 1:1.

Тренерот на Сините, Антонио Конте беше задоволен после пласманот во следната рунда од ФА Купот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Игравме добро, без разлика на измените во составот. Постигнавме еден гол и имавме уште неколку шанси за втор. Мојата идеја беше јасна, а тоа е да се пласираме понатаму и да се одморат неколку играчи.“ – изјави Конте, и додаде:

„Не сум среќен за Мората. И едниот и другиот жолт картон беа доста сумливи. Сега имаме голем проблем, бидејќи Алваро и Педро нема да играат против Брајтон, но без разлика на се, посакуваме три бода.“

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…