Дома Фудбал Англија Конте: Мора да бидеме загрижени

Конте: Мора да бидеме загрижени

Челси во 25. коло од англиската Премиер лига доживеа незгоден пораз на домашен терен од Борнмут со 0:3,  а по натпреварот зборуваше шефот на Сините, Антонио Конте, кој рече дека сите во клубот мора да се соочат со реалноста.

„Мора да бидеме загрижени околу тоа дали ќе завршиме меѓу првите четири и се пласираме во ЛШ. Тоа нема да биде лесно, мора да се бориме. Јас сум спремен за тоа, а верувам дека и играчите се свесни дека не чека борба.“ – изјави Конте и продолжи да зборува за односот на играчите во досегашниот дел од сезоната:

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Имаат одличен однос и одлично се однесуваат до сега. Да не беше така, нашата позиција би била уште полоша. Доколку сакаме да лажеме, можам да кажам дека ќе се бориме за титулата. Сепак, важно е да ја погледнеме реалноста , а тоа значи дека пласманот во ЛШ ќе биде голем успех за нас.“

На крајот беше запрашан дали се плаши за неговата позиција во клубот, на што тој одговори:

„Се обидувам да го подигнам квалитетот на максимално ниво. Ако некој не е согласен со тоа, знае дека може да ме најде. Опуштен сум, знам дека одлично ја работам работата, а исто и мојот стручен штаб и играчите.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Куртоа со еден „удар“ ги понижи Арсенал и Ливерпул за сите пари

Вечерва на програмата е првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу …