Интер добро ја започна сезоната во Серија А, но тимот на моменти посебно тоа се виде во Лигата на шампионите, како и во дербито со Јувентус во Серија А покажува слабости поради кратката клупа.
Поради тоа Конте ќе побара од управата да му бидат доведени три засилувања, а наводно веќе им ги соопштил на луѓето во управата своите три мети.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, Интер ќе се обиде да ги доведе Оливие Жиру, Дејан Кулушевски и Матео Дармијан.
Според „Газета дело Спорт“ Жиру веќе разговарал со управата на Интер и се согласил да биде замена за Ромелу Лукаку. Конте го познава Французинот од времето во Челзи. Договорот му истекува на крајот од сезоната и тој изгледа како реална мета.
Дејан Кулушевски кој е несуден македонски репрезентативец затоа што ја избра Шведска пред нашата селекција оваа сезона постигна два гола и запиша пет асистенции.
Дармија не желба на Конте веќе подолго време, а стратегот на Интер многу го цени бидејќи може да игра на секоја позиција во одбраната.