Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ќе има голем буџет на располагање во следните два преодни рокови.
Новиот тренер Антонио Конте ќе добие одврзани раце кога се трансферите во прашање, а Италијанецот веќе направил список од три ѕвезди од Серија А.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прво име на списокот е Душан Влаховиќ од Фиорентина. 21-годишниот напаѓач најави заминување, многу европски гиганти го сакаат, а Тотенхем е спремен да ја победи конкуренцијата.
Наводно „спарси“ веќе започнале преговори и се спремни да понудат 70 милиони евра за да го донесат уште во зимскиот преоден рок. Втората мета е Стефан де Врај од Интер. Конте одлично го познава дефанзивецот и е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис. Сепак, тешко е да се поверува дека „нероаѕурите“ ќе го пуштат играчот на средина од сезоната.
На крајот Конте го сака и Франк Кеси од Милан. Неговиот договор со Милан завршува на крајот на сезоната, а Тотенхем веќе испратил богата понуда до неговиот агент.