Новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте сака по трет пат да го донесе Герет Бејл во лондонскиот клуб.
Според информациите од Шпанија, претседателот на Тотенхем му предложил на Конте да го донесе Еден Азар, меѓутоа Италијанецот го одбил предлогот бидејќи добро го познава од времето кога работеше во Челзи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наместо тоа Конте побарал друг фудбалер на Реал Мадрид, а тоа е Герет Бејл, кој минатата сезона играше во Тотенхем како позајмен фудбалер.
Договорот на Велшанецот со „кралевит“ истекува на крајот на годината, па останува да видиме дали Тотенхем ќе се обиде да го врати по трет пат во клубот.
Идејата на Конте е уште во јануари да го доведе Бејл бидејќи смета дека одлично ќе се вклупо во неговиот стил на игра.