Дома Трансфер зона Конте во јануари носи трето засилување од „Олд Трафорд“

Конте во јануари носи трето засилување од „Олд Трафорд“

Српскиот фудбалер, Немања Матиќ најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа сезона, Матиќ е незадоволен од минутажата која му ја даде Солскјер и одлучен е во намерата да го напушти „Олд Трафорд“, особено дека не му беше понудено продолжување на договорот.

Медиумите на Островот пишуваат дека трансферот на Матиќ би можел да се случи во јануари, а следната дестинација најверојатно ќе биде Серија А.

Стратегот на Интер, Антонио Конте притиска за доаѓање на Србинот на „Џузепе Меаца“ уште во јануарскиот преоден рок.

Интер во летниот преоден рок веќе донесе двајца фудбалери од Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, па има одлична соработка со „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…