Лаутаро Мартинез од денес и официјално е нов член на Интер.
Можеби веќе една година се пишуваше за трансферот на Аргентинецот во Интер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се до денес постоеше одредена доза на сомневање иако од двете страни тврдеа дека работата е завршена, сепак одлоговлекувањето придонесуваше да се посомневаме.
Сепак, денес Интер го официјализраше трансферот.
Лаутаро Мартинез потпише договор на пет години и во наредните сезони се очекува заедно со сонародникот Икарди (доколку не замине) да бидат предводници на нападот на „нероаѕурите“.
Интер за 20 годишниот фудбалер со огромен потенцијал на аргентинскиот клуб, Расинг му плати сума од 23 милиони евра.
Official: #WelcomeLautaro! ?⚫?
The Argentine has signed a five-year contract ✍
? https://t.co/MvR9YJh9US #InterIsHere #FCIM pic.twitter.com/cLbheVvJ66
— Inter (@Inter_en) July 4, 2018