Дома Фудбал Италија Комплимент за Хрватот: Манџукиќ го прави Роналдо подобар!

Комплимент за Хрватот: Манџукиќ го прави Роналдо подобар!

Марио Манџукиќ остана на клупа синоќа во мечот против Болоња, но би можел да се врати во стартниот тим во дербито против Наполи во сабота.

„Старата дама“ синоќа победи со 2:0, а после мечот тренерот Алегри му даде голем комплимент на Манџукиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа нападот на „бјанконерите“ го сочинуваа Роналдо и Дибала, а Алегри тврди дека Манџукиќ ги прави подобри овие две големи ѕвезди.

„Тие двајцата одиграа одличен натпревар. Колку повеќе играат заедно, подобро се познаваат и имаат простор за напредок“, изјави Алегри.

„Мислам дека играњето со тројца напаѓачи, кога Манџукиќ е на теренот нив двајца ги прави многу подобри“, заклучи трофејниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…