Дома Фудбал Останато Компани се откажа од тренеското место после само четири меча

Компани се откажа од тренеското место после само четири меча

Винсент Компани нема повеќе да ја извршува функцијата на тренер во Андерлехт и ќе биде само фудбалер, пренесуваат белгиските медиуми.

33-годишниот дефанзивец имаше улога на фудбалер-менаџер, откако се врати во клубот ова лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првите четири меча од почетокот на сезоната Андерлехт запиша два порази и две ремија,што е најлош старт на клубот во последните 21 година.

Така Компани реши да се сконцентрира единствено врз своите партии на теренот и се откажа од тренерската работа. Негов наследник на тренерското столче ќе биде Сајмон Дејвис, кој до сега му беше помошник на дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…