Пјерлуиџи Колина важи за најдобриот судија во историјата на фудбалската игра и многумина знаат да кажат денес дека на него не му беше потребен ВАР за да носи вистински одлуки.
Италијанскиот судија ги судеше сите најголеми натпревари во фудбалот, од финале во Лигата на шампионите до финале на Светско првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во разговор за „Кориере дела Сера“ овој 60 годишник објасни дека потешко е да се судат натпревари во пониските лиги отколку натпреварите на најголемите турнири.
„Што е потешко? Финале на Мундијал или финале во Лигата на шампионите е натпревар кој може да биде тежок поради значењето. Сепак, ако гледаме на друг начин потешко е да судите во пониските лиги каде што постои ризик од физички напад“, објасни Колина.
Потоа го избра тимот на кој му било најтешко да суди. Станува збор за Фоџа која во 90-тите беше предводена од Зденек Земан.
„Треба да се гледа и техничката страна. Да се суди на Фоџа на Земан беше навистина тешко. Голманот Манчини ја исфрлаше топката далеку за Сињори, Рамбулаџи и Балан. Тие тројца трчаа како „ракети“ и беше тешко да се следи развојот на акцијата“, изјави славниот судија.
Инаку, Колина во овој момент е ангажиран во ФИФА како претседател на судискиот комитет.