Селекцијата на Србија утре го игра еден од најважните натпревари во својата историја.
„Орлите“ утре го играат последниот натпревар од групната фаза на Мундијалот во Русија и тоа против Бразил, за пласман во следната фаза потребна им е победа во овој натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред натпреварот на конференцијата за медиуми зборуваше капитенот на репрезентацијата Александар Коларов.
„Моето лично мислење е дека утре го играм финалето на кариерата. Играв многу натпревари, но оваа веројатно е најважната. Така и ќе пристапам, а мислам и дека останатите играчи тоа го знаат. Ова е Светско првенство, ве гледа целиот свет и играме натпревар каков што ретко се има во една кариера“.
„Ќе биде вистинска вечер. Кога ќе започнеш да играш фудбал, сакаш да играш со најдобрите. Лесно е да се биде најдобар помеѓу посалбите, но ти биде најдобар помеѓу најдобрите. Верувам дека сите се свесни што не чека утре и ќе уживаме во тоа“, изјави Коларов.
Натпреварот помеѓу Бразил и Србија се игра утре со почеток во 20:00 часот.