Првиот голман на Манчестер Сити, Едерсон поради повреда ќе го пропушти големото дерби со Ливерпул.
Тоа денес на пресконференцијата го потврди тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бразилецот поради повреда на полувреме беше заменет на мечот со Аталанта во Лигата на шампиони, па нема да успее да се опорави до недела.
„Едерсон нема да може да игра. Не знам колку точно ќе отсуствува, меѓутоа ние имаме уште еден одличен голман. Клаудио Браво ќе биде спремен за игра. Благодарение на него го освоивме Карабако Куп и ФА Купот. Тој е одличен голман и немаме никаков сомнеж во него“, изјави Гвардиола.
21 – Of the last 40 shots on target that Claudio Bravo has faced in the Premier League, he's only saved 19 and conceded a goal with 21 of them. The Opta expected goals on target tally for these 40 shots was just 12.6. Recall? pic.twitter.com/ND2eLvfgEc
— OptaJoe (@OptaJoe) November 8, 2019