Ферхан Хасани многу се поврзуваше со трансфер во Тирана, медиумите од оваа земја пишуваа дека трансферот е скоро завршена работа. Сепак ситуацијата сега се промени.
Според последните информации Тирана поради долгови не може да регистрира нови имиња, што значи и дека можноста за доаѓање на Хасани во овој клуб пропадна. Многу брзо се појави нова опција и тоа Ченјаин од Индија!
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клубот од скриената на камера на Горан Пандев од пред неколку недели сега се поврзува со името на Хасани. Скриената камера со Пандев можете да ја погледнете тука.
Како што е познато Хасани е повремен репрезентативец на Македонија, а во кариерата помеѓу другите беше дел и од германски Волфсбург. Негов последен клуб во кариерата беше Хелсинки од каде што си замина по истекот на неговиот договор пред крајот на 2020 година.