Дома Фудбал „Спировски утре ќе игра, за Хасани ќе видиме“

„Спировски утре ќе игра, за Хасани ќе видиме“

Селекторот Игор Ангеловски денес одржа прес-конференција на која ги кажа своите очекувања за натпреварот со Казахстан кој го играме утре на Арената. Казахстан ќе биде последна контрола пред Европското првенство.

Ангеловски потврди дека Стефан Спировски кој имаше повреда денес одработил цел, нормален тренинг и ќе настапи за утрешниот натпревар. За разлика од него ситуацијата со Ферхан Хасани е малку поинаква.

„Стефан денес одработи нормален тренинг и ќе игра утре. За Хасани имаше пукнтати, секако е во комбинација, но ќе видиме. Денес тој тренираше одвоено без контакт со останатите“, изјави Ангеловски.

Натпреварот против Казахстан го играме утре од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов со лоб го отвори Раков и стигна до четвртиот лигашки гол

Дарко Чурлинов погоди уште во петтата минута на гостувањето кај Раков. Македонскиот напаѓа…