Дома Македонски спорт Урнебесна скриена камера: Пандев се исплаши дека Џенова го продала во Индија! 🎥

Урнебесна скриена камера: Пандев се исплаши дека Џенова го продала во Индија! 🎥

Македонскиот капитен Горан Пандев бил жртва на урнебесна италијанска скриена камера на телевизијата „Медијасет“.

Во „местенката“ за Пандев учествувал капитенот на Џенова Доменико Кришито и агентот на Пандев Леонардо Корси.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имено, додека седат и се дружат во едно кафуле Корси му се јавува на Пандев и му кажува дека клубот решил да го продаде во Индија. На почетокот Пандев беше убеден дека е шега, но како што работата одминуваше и Корси му кажуваше детали изгледаше сериозно.

Корси му кажува на Пандев дека ќе заработи 72.000 евра во секоја од трите сезони плус 10 како бонуси ако се остварат одредени резултати. Во тој момент Пандев реагира и помеѓу другото коментира.

„Каков Ченаијин (клубот за кој му кажуваат дека е продаден), каква Индија! Попрво ќе си пукам во уста“, коментира Пандев.

За се да биде поинтересно се појавуваат и тифозите на Џенова со транспарент на кој пишува: Пандев предавник! Тие се собираат и скандираат пред куќата во која се наоѓа Пандев.

Целата скриена камера погледнете ја на овој – линк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…