Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази сочувство до големиот конкурент Манчестер Сити и колегата Пеп Гвардиола.
Пред два дена УЕФА му изрече казна на Манчестер Сити и го суспендираше на две години од Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Бев шокиран кога ја слушнав веста. Не знам како се случуваат такви работи, но како тренер можам да кажам дека Манчестер Сити игра фантастично под водство на Гвардиола. Верувам дека во моментов е тешко за сите луѓе кои работат во клубот“.
„Кога ќе се појават повеќе информации ќе можам да коментирам, сега не знам ништо. Искрено сочувствувам со Гвардиола со играчите, бидејќи со сигурност тие не се виновни за ништо. Тие едноставно играа фудбал и тоа сензационално. Сепак, правилата се јасни и мора да се почитуваат. УЕФА мисли дека тие не ги почитувале правилата, па ќе видиме што ќе се случи после жалбата“, изјави Клоп.