Менџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека сите тимови кои се борат за челните позиции во Премиер лигата имаат кадровски проблеми, освен Манчестер Сити.
Клоп смета дека неговиот колега Пеп Гвардиола има многу широк состав кој може да го ротира и да избегнува замор и повреди кај фудбалерите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Особено доказ за тврдењето на Клоп се резултатите на Тотенхем во последните два меча во кои „спарси“ играат без првата ѕвезда Хари Кејн.
„Вистина е дека немавме многу среќа до сега. Меѓутоа, не може да молиш за среќа, треба да работиш додека не дојде. Не знам дали Покетино зборувал за нешто слично, но без Кејн Тотенхем загуби два натпревари по ред. Такви работи се случуваат. Сите имаме проблеми освен Манчестер Сити“. Заклучи Клоп.