Дома Трансфер зона Клоп: Мбапе во Ливерпул? Се смеам на тоа

Клоп: Мбапе во Ливерпул? Се смеам на тоа

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека се смее на шпекулациите кои го поврзуваат Килијан Мбапе со трансфер на „Енфилд“.

Мбапе е на излезна врата од ПСЖ, а англиските медиуми пренесоа дека Ливерпул преговара за негов ангажман.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Гласините за Мбапе во Ливерпул? Се смеам на тоа. Мислам дека тој е навистина добар играч, но финансиските услови воопшто не ни одговараат. Не сакам сега да ја расипам целата приказна, но нема ништо од тоа“, изјави Клоп.

„Ама можно е некој друг од клубот да подготвува нешто и да сака да ме изненади, но тоа се нема случено во осумте години колку што сум тука. Тоа би било прв пат“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона не се откажува од ѕвездата на Баерн

Џошуа Кимих би можел да го напушти Баерн Минхен и кариерата да ја продолжи во Барселона. К…