Медиумите во Англија се сомневаа во фер-плејот на тренерот на Ливерпул, а сега Клоп и самиот се огласи во медиумите.
Изминатото коло во Премиер лигата беше обележан со киксовите на Манчестер Сити и Њукасл.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ливерпул кој играше еден ден подоцна не го искористи киксот на „граѓаните“ и одигра само 1:1 со Лестер на „Енфилд“.
Меѓутоа она што го забележаа Британците е што во второто полувреме само еден дел од теренот беше исчистен и тоа оној каде што напаѓаат „црвените“.
На оваа тема во медиумите зборуваше самиот Клоп.
„Сите ја видовме ситуацијата, уште на загревањето кога почна да паѓа снег. Во првото полувреме имавме посед на топка од 80%, па можам да кажам дека снегот повеќе ни сметаше на нас. Вработените во клубот се обидоа да го исчистат, но едноставно не беа во доволен број. Никогаш не славам кога другиот тим ќе изгуби. Секако дека не им кажав на луѓето да ја исчистат само едната половина. Следниот пат кога ќе се појави ваква ситуација ќе имаме доволно луѓе за да го исчистат целиот терен“, заврши Клоп.