Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше само добри зборови за резервниот напаѓач Дивок Ориги.
Оригу му донесе победа на Ливерпул на гостувањето кај Вулверхемптон со гол во 94-та минута, а на Клоп му е жал што му дава мала минутажа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дивок е одличен играч и личност. Легенда! Еден ден за него ќе се пишуваат книги“, изјави Клоп.
„Тој е неверојатен напаѓач, но од различни причини не игра толку често. Се надевам дека еден ден ќе најде тренер кој ќе му даде повеќе шанси од мене. Имаме одлични напаѓачи, така што тој не игра многу. И покрај тоа, Ориги повторно го сака клубот и дава свој придонес секогаш кога може“, додаде Германецот.