Дома Фудбал Англија Клоп: Да останеше Ловрен на клупата, луѓето уште повеќе ќе паметуваа

Клоп: Да останеше Ловрен на клупата, луѓето уште повеќе ќе паметуваа

lovren

Ливерпул настапот во ФА Купот го заврши во третото коло, каде синоќа беше елиминиран од Волвс кој славеше со 2:1.

Откако играа сезона без пораз во ПЛ, Црвените втор пат загубија за само пет дена – прво од Сити во четвртокот во ПЛ, а сега и од Волвс во ФА Купот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул во синоќешниот дуел настапи со комбиниран состав, а во однос на натпреварот против Сити од стартерите од првата минута заиграа само Милнер и Ловрен, а Хрватот се повреди уште на самиот старт и мораше да го напушти теренот.

„Не беше планирано да игра. Требаше да биде на клупата, но на крајот беше донесена одлука да стартува. Не сум сигурен какви ќе беа коментарите ако стоперскиот тандем беше Фабињо – Хоувер, веројатно некои паметни луѓе ќе речеа дека не го почитувам ова натпреварување.“ – изјави Клоп и додаде:

„Не ротирав затоа што сакав, туку затоа што морав. Последните три натпревари ги играше скоро идентичен состав, па промената беше неминовна.“

Не е познато колку Ловрен ќе биде надвор од терените, но Ловерпул ќе се соочи со хендикеп бидејќи на располаѓање има само еден стопер – Ван Дијк, не сметајќи ги младите фудбалери без големо искуство.

Ливерпул натпреварувањето во ПЛ го продолжува на гостувањето кај Брајтон, а натпреварот се игра во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…