Познатата изрека вели дека „си силен колку што ти е силна најслабата карика“, а Ливерпул тоа го научи на најлош можен начин.
Голманот Кариус беше убедливо најсабата карика на тимот во финалето, па „црвените“ веќе ја започнаа потрагата по негова замена и спремија голем буџет за нов голман.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прва желба на раководството е голманот на Рома и бразилската репрезентација Алисон за кого Ливерпул е спремен да плати 60 милиони евра.
Доколку не успее во намерата да го донесе Бразилецот на „Енфилд“, Ливерпул е спремен да ја активира откупната клаузула на голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, која изнесува 100 милиони евра.
Облак се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа, па „црвените“ нема да жалаат пари за да го донесат на „Енфилд“.
#LFC are reportedly considering whether to pay €100m for #Atleti goalkeeper Jan Oblak after Loris Karius' #UCLfinal nightmare https://t.co/dD9WNC3UlM pic.twitter.com/x8wkNKkhYI
— footballespana (@footballespana_) May 28, 2018