Медиумите во Франција денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека во договорот помеѓу Пол Погба и Манчестер Јунајтед има „интересна“ клаузула.
Погба се пресели на „Олд Трафорд“ од редовите на Јувентус во 2016 година за тогаш рекордна сума од 110 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, во последно време Погба ја загуби довербата кај менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо кој често го остава на клупата за резерви.
Таквата ситуација предизвика бројни шпекулации, а меѓу нив денес се појави и веста за евентуалното враќање на Погба во Јувентус.
Еминентниот „Екип“ тврди дека во договорот на Погба има клаузула според која „бјанконерите“ можат да си го вратат фудбалерот за сума од 60 милиони евра.
Меѓтоа ова изгледа малку веројатно, а проблем за италијанскиот клуб би претставувала и платата на Погба кој во моментов заработува 12 милиони евра по сезона.