Дома Фудбал Италија Клаудио Раниери пред нов ангажман

Клаудио Раниери пред нов ангажман

Легендарниот италијански стратег Клаудио Раниери кариерата би можел да ја продолжи во Франција.

Искусниот 69 годишен тренер е блиску да стане нов тренер на францускиот шампион Лил и тоа ќе биде нов предизвик во неговата кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раниери на клупата на Лил ќе го замени Кристоф Галтиер кој замина од клубот откако изненадувачки ја освои титулата пред ПСЖ. Раниери има искуство со работењето во Франција, од 2012 до 2014 беше тренер на Монако, а во сезоната 2017/2018 го водеше Нант.

Минатата сезона Италијанецот ја водеше Сампдорија и со овој тим заврши на деветтата позиција во Серија А, меѓутоа одлучи да не ја продолжи соработката.

Во неговата богата кариера најголемиот успех му е освојувањето на титулата со Лестер во 2016 година, треба да се спомене и дека со Валенсија освои трофеј во Интертото куп и УЕФА Суперкупот.

Во кариерата беше тренер уште на: Челзи, Рома, Парма, Јувентус, Интер, Наполи, Атлетико и Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…