Чилеанскиот голман Клаудио Браво од денес повеќе не е член на Манчестер Сити.
Браво на „Етихад“ пристигна пред четири години од Барселона за 18 милиони евра, но баш и не се наигра во овој клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако пристигна Едерсон Браво стана резервен голман, а Сити денес и официјално потврди дека соработката помеѓу нив е завршена и дека Браво е слободен играч.
Овој 37 годишен играч не сака да ја заврши кариерата и во овој момент најмногу се поврзува во Шпанија. Сепак, во овој момент конкретни понуди за него се уште нема.