„Адрија Тур“како што е познато е откажан откако беше потврдено дека Григор Димитров е заразен со коронавирус.
Димитров преку социјалните мрежи потврди дека е позитивен на коронавирусот, а потоа се тестираа и останатите тенисери. Утрово беше објавено дека се заразени уште тројца тенисери, а сите се во исчекување на резултатите на Новак Ѓоковиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ѓоковиќ не се тестираше во Задар и тоа ќе го направи веројатно денес во Белград. После вчерашните вести голем дел од спортската јавност го критикуваа Ѓоковиќ и неговата организација. Први кои се огласија беа Енди Родик и Стен Вавринка, а нив им се придружи и Ник Кирјос кој не штедеше критики.
„Кретенска беше одлуката да се игра тој турнир во ова време. Момци, ви посакувам брзо опоравување, но тоа се случува кога не се придружувате до правилата. Луѓе, ова не е шега“, изјави Кирјос.
??♂️??♂️??♂️ Boneheaded decision to go ahead with the ‘exhibition’ speedy recovery fellas, but that’s what happens when you disregard all protocols. This IS NOT A JOKE. https://t.co/SUdxfijkbK
— Nicholas Kyrgios (@NickKyrgios) June 22, 2020