Дома Останати Кирјос не престанува со „лудориите“ – овој пат провоцираше со натпис на маичката (фото)

Кирјос не престанува со „лудориите“ – овој пат провоцираше со натпис на маичката (фото)

Австралискиот тенисер Ник Кирјос не престанува со своите „лудории“ и често влегува во конфликт со судиите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така беше и синоќа кога Кирјос во второто коло од Ју-Ес Опен играше против Антоан Хоан, кога на теренот излезе со маица на која на јаката имаше непишано порака „Just do you“.

Тоа е спротивно на правилата па беше приморан да ја покрие пораката.

„Сакам да ги видам правилата, сакам да ги видам правилата. Нема да играм додека не ми ги покажете“, се противеше Кирјос.

Сепак, по некое време некако се смири, па ги испочитува правилата и замина на другиот крај за да го продолжи дуелот и на крајот славеше со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓорческа одлично тргна и ја скокна првата пречка во квалификациите за Вимблдон!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот во квалификациите за Вимб…