Дома Тенис Кирјос за првпат ќе игра полуфинале на Вимблдон

Кирјос за првпат ќе игра полуфинале на Вимблдон

Aвстралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос славеше во денешното четвртфинале против Кристиан Гарин со 3:0 во сетови (6:4, 6:3, 7:6) и се избори за полуфинале на Вимблдон.

Гарин направи брејк уште во првиот гем и стигна до водство од 3:1, но Кирјос брзо возврати и со два брејка направи сет и го доби тој сет со 6:4. Голема битка видовме во вториот сет каде што Кирјос повторно излезе како победник со 6:3.

Третиот сет донешен тај-брејк бидејќи и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис и не дозволија да изгубат гем. Во полуфиналето Кирјос ќе игра против подобриот од Рафаел Надал и Тејлор Фриц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Промена на патот на Ѓоковиќ во Базел: Бублик се повлече, Руд е новата закана

Повредата на Бублик го промени делот од ждрепката на Ѓоковиќ во Базел. Србинот ќе стартува…