Дома Топ вести Кинескиот бизнисмен им ја вети Лигата на шампионите, а четири години подоцна ќе играат во втора лига

Кинескиот бизнисмен им ја вети Лигата на шампионите, а четири години подоцна ќе играат во втора лига

Со поразот во градското дерби кај Барселона (1:0) на три кола пред крајот на Примера Еспањол испадна од првата шпанска лига.

Еспањол е еден од симболите на елитниот ранг на шпанскиот фудбал и во елитата помина 85 сезона. Подолго од овој клуб во Ла Лига биле само Реал, Барселона и Атлетик Билбао. Меѓутоа иднината сезона ќе играат во Секунда од каде што последен пат се вратија во 1994 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тие 26 години во Ла Лига беа прилично бурни за овој клуб. Во овој период Еспањол смени дури 25 тренери, освои два шпански купа, играше финале во Купот на УЕФА, три пати го менуваше стадионот, го прослави 100. роденден…Пред четири години сопственик на Еспањол стана кинескиот бизнисмен Чен Јаншенг.

Во таа прилика тој на навивачите им вети дека клубот ќе игра во Лигата на шампионите, четири години подоцна ќе играат во втора лига…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Марка: Барселона потпишува мега-договор. Тоа ќе и донесе најмалку 1,3 милијарди евра

БАРСЕЛОНА наскоро би требало да потпише договор со Најк вреден повеќе од една милијарда ев…