Дома Фудбал Италија Киелини го откри најтешкиот противник: После секој натпревар против него излегував посилен

Киелини го откри најтешкиот противник: После секој натпревар против него излегував посилен

Џорџо Киелини веќе влезе во залезот од кариерата, меѓутоа и понатаму успева да игра на високо ниво за многумина се уште е помеѓу најдобрите стопери на денешницата.

Киелини во текот на долгогодишната кариера играше со големи играчи, а во интервју за „Кориере дело Спорт“ го избра најтешкиот противник. 35 годишникот се одлучи за Златан Ибрахимовиќ.

„Кристиано постигна многу голови против нас, но оној против кој ми беше најтешко е Ибра. После секој натпревар против него излегував посилен и имав поголема самодоверба. Навистина му се восхитувам“, изјави капитенот на Јувентус.

Киелини и Ибрахмовиќ повторно би требало да се сретнат веќе за три дена во реваншот од Купот на Италија помеѓу Јувентус и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Куферите на Жозе Мурињо се подготвени!

Жозе Мурињо многу брзо би можел да ги пакува куферите за заминување од Реал Мадрид. Враќањ…