Дома Фудбал Репрезентации Киеза: Мораме да ја победиме Македонија и да се квалификуваме на ЕП – ние сме Италија!

Киеза: Мораме да ја победиме Македонија и да се квалификуваме на ЕП – ние сме Италија!

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза по паузата поради повреда се врати во националниот тим и треба да биде еден од главните адути на Италија во натпреварите со Македонија и Украна кои за „Аѕурите“ ќе бидат клучни во битката за второто место и пласманот на ЕП.

Резултатски за Македонија утрешниот натпревар нема некое значење, но за Италија не е така.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исто така Италијанците ќе имаат и притисок затоа што во последниот период не им оди со нас. На последниот натпревар во Скопје одигравме 1:1, претходно ги запревме на патот за Светското првенство во Палермо…

Секако дека тие два натпревари се во мислите на Италијанците пред дуелот.

„Сите што сме во националниот тим носиме голема одговорност, утрешниот натпревар со Македонија ќе биде важен за нас.

 Среќен сум што сум тука, за жал претходно не можев да помогнам. Мораме да се квалификуваме, ние сме Италија. Секако дека постои шанса за неуспех како во Плермо, меѓутоа мораме да излеземе на теренот и да покажеме зошто сме во репрезентацијата“, порача Киеза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…