Капитенот на англиската фудбалска репрезентација и прв стрелец на Тотенхем Хари Кејн е голем фан на мега популарната игра „Фортнајт“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кејн често пати знае да го поминува слободното време играјќи ја оваа игра со соиграчите од клубот и репрезентацијата, а најмногу со Деле Али, со своите квалитети во оваа видео игра Кејн сега се пофали на својот Твитер профил.
На видеото кое го објави Кејн може да се слушне гласот на Деле Али кој го прашува дали може да го погоди оној под планината, на што Кејн одговори со прецизен удар.
Кејн игра под името „hkane92“, додека прекарот на Деле Али е „delstroyer14“.
Yeah no worries @dele_official I got you! ??Sound On.? #fortnite #254m #sniper pic.twitter.com/PRF686zskT
— Harry Kane (@HKane) October 17, 2018