Дома Трансфер зона Кеси ја напушта Барса и се сели во Премиер лигата

Кеси ја напушта Барса и се сели во Премиер лигата

Франк Кеси ова лето пристигна во Барселона како големо засилување, но може да го напушти „Камп Ноу“ веќе во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.

Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а интерес за него покажуваат клубови од Премиер лигата.

Имено, Астон Вила и Фулам веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да испратат понуди до Барселона.

Со оглед дека пристигна како слободен агент, Барселона е спремна да го продаде и сака од неговиот трансфер да заработи 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…