Дома Трансфер зона Кеси на мета на Атлетико, Симеоне нуди 18 милиони евра плус Ерера?

Кеси на мета на Атлетико, Симеоне нуди 18 милиони евра плус Ерера?

Летниот преоден рок заврши пред нешто повеќе од една недела, а клубовите ширум Европа освен што се припремаат за сезоната, размислуваат и за наредните потези.

Атлетико во последните моменти од преодниот рок го доведе Антоан Гризман, додека Саул Нигез се пресели во Челзи. Овие две зделки, заедно со доведувањето на Родриго Де Паул се најистакнатите зделки на „јоргнаџиите“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сега според информациите на медиумите во Шпанија Диего Симеоне има намера да се обиде да го доведе Франк Кеси од Милан. Договорот на Кеси истекува во јуни 2022, Милан му понуди нов договор, но тој го одбил.

Поради таквата ситуација „росонерите“ стравуваат дека ќе го изгубат и дека нема да заработат ништо од неговото од заминување. Такво нешто им се случи летово со заминувањата на Донарума и Чалханоглу.

Шпанците пишуваат дека шампионот на Шпанија би можел да испрати понуда од 18 милиони евра плус Ектор Ерера за да го добие Кеси во јануари.

Покрај Атлетико претходно со името на Кеси се поврзуваше и ПСЖ. За Милан Кеси одигра 184 натпревари и постигна 30 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гиљермо Очоа наредната сезона ќе брани во нов клуб

Во текот на актуелната сезоната Салернитана промени три тренери, но и понатаму се мачи со …